Подобрени условите за бегалците во транзитниот центар кај Гевгелија
15.12.2015 13:10
Поставен е шатор за импровизирано детско катче, а се инсталирани и повеќе грејни тела...

И натаму се подобруваат условите за прифаќање и транзитирање на бегалците во кампот на Македонско-грчката граница. Поставен е шатор за импровизирано детско катче, а се инсталирани и повеќе грејни тела, соопштуваат надлежните.
До полноќ, за 24 часа низ земјава минале над 2.600 бегалци , од кои најмногбројни се повторно сиријците. Досега низ земјава од 19-ти јуни кога е изменет законот за азил, низ Македонија минале околу 340 илјади мигранти. Од нив 17 илјади се деца без придружба на родителите.
