Повисоки плати за 65 илјади работници

20.01.2014 17:08

Ќе се зголеми минималната плата Ке изнесува 10 080 наместо сегашните 8 050 денари

 Почнувајки од март  , со тригодишна динамика ке  растат примањата на  65 илјади работници во стопанството .Годинава минималецот ке се покачи на 8800 денари , в година ке изнесува 9 590 а од март 2016 тата ке се позиционира на 10 080. Премиерот најави-  за 10 дена  ново законско решение.

,,Ова значи дека со закон работодавачите ке бидат обврзани да ја зголемат платата на ниво еднакво или поголемо од минималната плата. Во дејностите каде досега заради спецификакат на дејноста имаше посебна динамика на прилагодување , текстилната и кожарството , минималната плата во овие гранки ке изнесува  7500 денари за март , за март 2015 тата ке биде 8 050 денари а од март 2016  таа ке биде 9 илјади денари,,– истакна премиерот Никола Груевски во обракањето пред синдикатите.

Дополнителни две години  добија текстилната и кожарската индустрија да ги изедначат платите со другите дејности . До 2018 тата да го достигнат зацртаниот минималец од 10 080 денари .Растот на минималната плата е голем успех на синдикалното движење –посочи Груевски . Синдикалците со став - Социјалниот дијалог е незаменлива алатка  со која се постигна  – наместо за отпуштања да се зборува за вработувања и  унапредување на системот на плати.

,,Социјалните пратнери владата , синдикатите и работодавачиѕте избраа пат кој наместо конфронтации води кон социјален дијалог , пат наместо мегусебни препукувња , аргументирана реализација на своите цели и интереси“ – вели Живко Митревски – претседател на ССМ

Законот за минималната плата почна да се спроведува во јануари 2012 тата. Првпат беше утврдена висината на минималецот, позициониран на 8050 на месечно ниво за полно работно време.

Сузана Фиданска Стоевска