Откуп на тутун: Почна исплатата на производителите
15.12.2015 15:13
Просечната цена е 178 денари за килограм тутун...

Почна исплатата на тутунот од годинашнава реколта. Три откупни компании: Сокотаб од Битола, Прилепскиот тутунски комбинат и Алијанса од Кавадарци се придржуваат на договореното и точно по една недела од преземањето на родот, почнаа да ги исплаќаат тутунарите. Сите девет откупувачи ги отворија 152 та откупни пункта во земјава и се откупува на 186 ваги. Просечната цена е 178 денари за килограм тутун.
Од Сојузот на тутунските здруженија сметааат дека цената може да биде повисока, зашто реколтата иако помала и е 22 до 23.000 тони, е поквалитетна.
Од Министерството за земјоделство деновиве потврдија дека за тутунарите се обезбедени и околу 23 милиони евра субвенции за годинашнава реколта тутун.
