Годишно по 500 доктори на обука во странство
Од наредната година министерот за здравство ќе има законска обврска да испраќа по најмалку 500 медицински лица на обука во реномирани странски центри, а доколку не го реализира тоа ќе биде парично казнет. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите. За оваа година се испланирани 500 здравствени работници исто колку и мината година.

Од наредната година министерот за здравство ќе има законска обврска да испраќа по најмалку 500 медицински лица на обука во реномирани странски центри, а доколку не го реализира тоа ќе биде парично казнет. Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите. За оваа година се испланирани 500 здравствени работници исто колку и мината година. Трошоците за обуката и за престојот се на Министерството за здравство и на јавните здравствени установи, а доколку општите доктори, специјалистите и супспецијалистите не ја завршат успешно обуката, што спаѓа во работни обврски, ќе се смета за дисциплински престап-рече Груевски.
Премиерот појасни дека по враќањето од обуката лекарите ќе имаа 10% повисока плата за период кој е три пати подолг од престојот во странство. Додека е на обука зема редовна плата без намалување, со додатоци за трошоците за живот за време на престојот.
Соња Стојановска
