Претседателот Иванов во Брисел на средба со Туск

16.12.2015 10:20

Фокусот на разговорите ќе биде ореинтиран на актуелната состојба со бегалската и мигрантската криза како и за интеграциите на Македонија во Европската Унија...

По покана на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска шефот на државата Иванов ќе престојува во работна посета на Брисел.

Фокусот на разговорите ќе биде ореинтиран на актуелната состојба со бегалската и мигрантската криза како и за интеграциите на Македонија во Европската Унија.

Предвидено е Иванов да има средба со претседателот на Србија, Николиќ. Во делегацијата предводена од Иванов е и шефот на дипломатијата Попоски.