Тутунски ќе земе кредит за откуп
Утре треба да се потврди банкарскиот кредит што прилепскиот тутунски комбинат ќе го земе за да го дооткупи и да го доисплати договорениот тутун. Нема место за паника- договореното ќе се откупи, соопшти раководството на комбинатот.
Веќе утре ќе можам да потврдам дека ќе биде позитивно одобрен кредитот. Денес се одлучува во Љубљанска банка, Словенија. Најавите се дека ќе биде одоборен. Законска обврска ни е да ги откупиме договорените количества, вели Александар Дерменџиев, генерален директор на прилепскиот тутунски комбинат.

Веднаш по официјализирањето на банкарскиот кредитр, вратите за откуп во тутунскиот комбинат во Прилеп треба да бидат отворени најдоцна до понеделник.
Комбинатот останал без средства зашто интензивно откупуваше, а просечната цена е 172 денари. Откупени се 1370 тони што е 40 насто од договорените 3000 тони тутун, а е повеќе од просекот од 30 проценти на ниво на држава.
- Најдоцна в понеделник може да продолжи откупот, се надевам и порано, вели Дерменџиев.
Залихите тутун што ги има комбинатот не се пречка за откупот и исплатата. Не било прв пат да се дообезбедуваат средствата до 9 милиони евра за целата реколта. Овој откуп бил потежок зашто е зголемено призводството во регионот, а за 6 проценти намалена побарувачката на цигари.
Интензивно се работи на стратегиското партнерство со Филип Морис.Се пеглаат разликите од драфт договорите .
-Сега сме во фаза на активно преговарање, на пеглање на тие разлики. Во наредните 2-3 недели треба да објавиме дека сме ги усогласиле договорите, вели Дерменџиев.
За два до три месеци треба да почне производството на цигари со што ќе се официјализира влезот на Филип Морис во комбинатот.
Новинар: Елизабета Митреска
Снимател: Илчо Димески.