Продажба на земјоделско земјиште
Собранието ги донесе измените на законот за продажба на земјоделското земјиште. Целта е површините на кои се наоѓаат стопанските објекти да можат да се купуваат на јавен повик.

Целта е површините под оранжериите и дворните места на кои има стопански објекти, да се пренаменат од градежно во земјоделско земјиште. Со тоа ќе се овозможи продажба преку Јавен повик.
Право на купување имаат сопствениците на оранжериите и на придружните објекти.
Продажбата ќе се врши по пазарна вредност со утврдена методологија за проценка преку Бирото за судски вештачења.
Оранжериите досега сега не беа опфатении и уредени како законска категорија и немаа можност да бидат легализирани.
Целта е заштита на земјоделското земјиште, негово рационално користење и олеснување на пазарот на недвижности.
Методија Трајков
