Собранието треба да го избере новиот состав на ДИК
Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите, според новите измени на Изборниот законик...

Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. Вчера лидерите на 4-те најголеми политички партии постигнааа договор за целосниот состав на ДИК. Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски се предложени како независни експерти.
Претходно, по завршувањето на јавниот оглас, партиите предложија членови на комисијата. Од ВМРО-ДПМНЕ- Силвана Бонева и Сашо Срцев, од СДСМ- Виолета Дума и Игор Милев, од ДУИ- Субхи Јакупи, и од ДПА- Бедередин Ибраими.
Според новите измени на Изборниот законик, претседателот и потпретседателот на Државната изборна комисија ќе се бираат од редот на експертите.
Се очекува да биде свикана и пленарна седница на која ќе биде изгласан новиот состав на ДИК.
