Кривична пријава за бизнисмен од Грција- сопственик на фирма во Битола
Гркот се сомничи дека незаконски изнел милион и 700 илјади евра на Кипар, преку наводни договори за пронаоѓање контакти кои би ја продавале робата на фирмата од Битола...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против 53 годишен бизнисмен од грција, сопственик и управител на текстилна фирма во Битола. Гркот се сомничи дека незаконски изнел милион и 700 илјади евра на Кипар, преку наводни договори за пронаоѓање контакти кои би ја продавале робата на фирмата од Битола.
Сепак, било утврдено дека битолската фирма нема сопствено производство и продажба на свои производи на странски пазари, бидејќи работела лон- производство, а и откако ги склучила договорите со кипарските фирми немало ниту еден договор за продажба во странство.
Оттука и сомнежот на полицијата дека фактурите се со невистинита содржина, со цел да се испумпаат пари од македонската фирма на сметки во Кипар, со што македонија, на име затаен данок, е оштетена за 400 илјади евра.
