МВР: За 24 часа издадени 2.426 потврди за азил

16.12.2015 11:38

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-995, Авганистан-815 и Ирак-616...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.426 странски државјани, од кои 1.046 се од машки пол, 476 се од женски, 873 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 31 дете кои патува без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на  Сирија-995, Авганистан-815 и Ирак-616.

Досега издадени се потврди на вкупно 341.920 странски државјани, од кои, 190.131 се од машки пол, 55.968 се од женски, 77.904 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.917 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се државјаните на Сирија-195.616 потоа Авганистан-83.498, Ирак-41.365, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.