Регистарот на население ќе користи и за попис
Ќе обезбеди агрегирани податоци за целокупното население, со што ќе се овозможи спроведувањето и следењето на многубројни јавни политики за управување и планирање...

Повеќе од 50 препораки за подготовка на регистар на население кој во иднина би можел да го замени пописот на населението. Ќе обезбеди агрегирани податоци за целокупното население, со што ќе се овозможи спроведувањето и следењето на многубројни јавни политики за управување и планирање.
Регистарот на население е вреден извор на примарни податоци за сите други регистри во државата и е важен за образованието и на здравствената и социјалната заштита. Се надеваме дека работата која беше иницирана од овој проект ќе се рефлектира и со соодветни правни организациски решенија. Ова навистина ќе резултира кон еден доверлив регостар на население, вели евроамбасадорот Аиво Орав.
Доколку квалитетот на податоците е добар и квалитетен, посочи министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, регистарот на население би можел во иднина дури и да го замени пописот, каков што е случајот со неколку европски земји. Регистрите на население имаат уникатен карактер од земја до земја и со тоа даваат основа не само за ефикасно обезбедување на услугите од јавниот сектор, туку и за подготовка на избирачки списоци, попис и демографска статистика.
