Груевски: Насловот на статијата на „Гардијан“ е новинарски коментар, а не моја изјава
Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов, точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, вели премиерот Груевски.

Премиерот Никола Груевски преку писмена изјава реагира во врска со неточните интерпретации на насловот на статија во британскиот Гардијан.
Такво нешто не сум изјавил и ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст кај што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов, точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, вели премиерот Груевски.
„Гардијан“ статијата ја објави под наслов „Македонија е отворена за промена на името за да се заврши 24-годишниот спор со Грција“.
