МЗ предлага закон за употреба на канабис во медицински цели

16.12.2015 15:19

оа значи дека фармацевтски компании во строги услови и рестриктивен надзор во земјава ќе одгледуваат коноп од кој ќе се екстрахира масло кое се користи за лекување на болните од рак...

Ако добие зелено светлно на јавната дебата в недела, законските измени со кои се предвидува легализација на канабисот за медицински лекувања ќе стапат во владина процедура. Тоа значи дека фармацевтски компании во строги услови и рестриктивен надзор во земјава ќе одгледуваат коноп од кој ќе се екстрахира масло кое се користи за лекување на болните од рак.

Употребата на канабис во медицински цели, појасни министерот за здравство Никола Тодоров, во никој случај не смее да претставува самолекување, туку лекување со медицинска препорака, под медицински надзор, и истото нема да претставува замена на конвенционалната медицинска терапија.

„Имајќи предвид дека досега употребата на канабисот во медицински цели не е регулирана со закон и користењето се смета за злоупотреба, овие законски измени ги правиме со цел на пациентите да им се овозможи достапност до овие производи со строго контролиран состав и квалитет. Целта е да се регулира одгледувањето, преработката и прометот на препаратите на база на коноп исклучиво во медицински цели“, рече Тодоров.

Нагласи дека во делот на одгледување, според Предлог законот, одгледување ќе може да вршат само правни лица, на начин сличен како и одгледувањето, преработката и прометот на афион во медицински цели.