Анкетна комисија: Формирани работни групи за посета на институциите

16.12.2015 15:26

Утре продолжува седницата за сослушување сведок...

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањата формира две работни групи кои ќе извршат посета во институциите кои располагаат со техничка опрема со која би можело да се изврши прислушувањето, како и мобилните оператори и  кои имаат информации или формирале предмети за скандалот, односно обвинителствата и судовите.

За утре, продолжува седницата за сослушување сведок, на која најавено е дека исказ ќе даде вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.