Прилив на бегалци - безбедносни импликации
Постои можност Македонија да стане тампон зона на бегалската криза и да се соочи со сериозни предизвици од досегашните управување со мигрантите, сметаат надлежните.

Од миграцискиот притисок врз јужната граница и од зголемувањето на неговиот интензитет постои можност Македонија да стане тампон зона на бегалската криза и да се соочи со сериозни предизвици од досегашните управување со мигрантите, сметаат надлежните. Тие се загрижени дека оваа криза може да се одрази не само на економски – социјалната состојба во земјата туку и на безбедносната.
„Милиони раселени лица дојдоа, поминаа низ Република Македонија и се населија во Европа. Тие можеби никогаш нема да го најдат тоа што го бараат, а тоа ќе резултира со нивно незадоволсто, вели министерот за внатрешни работи, Олицер Спасовски.
Според учесниците на конференцијата за прилив на мигрантите и бегалците и безбедносните импликации - соработката меѓу земјите на мигрантската рута е неопходна.
„Од клучно значење е да се засили македонско- грчката погранична соработка, преку унапредување на координацијата, обезбедување уреден транзит и јакнење на градничната контрола, вели заменик министерот за надворепни работи“, Драгана Кипријанова.
„Покренета е иницијатива за формирање регионален форум на експерти кој во иднина би прераснал во центар каде што земјите од регионот ќе соработуваат во насока на одржување на безбдноста“, вели Драган Мектиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина.
На интензивна соработка и решавање на проблемот со мигрантско-бегалската криза се обврзаа и претставниците на Централно-европската иницијатива и МАРИИ кои денеска потпишаа меморандум за соработка.
Наташа Јанчиќ
