Николовски пречекан од незадоволните земјоделци во Велес

16.12.2015 16:28

Дополнителниот заменик – министер за земјоделство Љупчо Николовски, наместо на средба со раководителот на подрачната едница во Велес се соочил со незадоволни земјоделци. Го прашале зошто СДСМ се обидува да ги блокира субвенциите...

Дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски беше пречекан од незадоволните земјоделци во Велес. Велешките земјоделци денеска реагираа на неговата посета на подрачната единица за земјоделство. Го прашаа зошто сака да ги укине субвенциите за трактори. Изразија револт и за обидот за блокирање на буџетот.

Средбата со раководителот на подрачната единица за земјоделство не се одржа. Николовски вели дека сакал да воочи за притисоците што земјоделците од овој регион ги добиваат од вработените во подрачната единица, но и за проблемите со кои се соочени.

Велешките земјоделците велат дека субвенциите ги добиваат навреме. Според министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство околу 94 % од субвенциите за 2015 година се веќе на нивните сметки и се исплаќаат по календарот за исплата.

 

Сунчица Николоска