Стабилен и забрзан раст на индустријата
Податоците на Државниот завод за статистика за раст од 13,1 процент на индустриското производство во октомври и за 8,1 насто на прометот во индустријата укажуваат дека имаме стабилен и забрзан раст на индустријата – вели премиерот Груевски. Очекува ова да резултира со нови работни места...

Податоците на државната статистика за зголемено индустриско производство и прометот, укажуваат дека индустријата во државава има стабилен и забрзан раст- оценува премиерот Груевски. Компаните имаат добра заработка, можно е да инвестираат во проширување на бизнисот и креирање нови работни места. Според Груевски – статистичкиот податок за бруто домашен проивод од 3,5 насто е ист со ревидираната проекција на владата за раст на економијата за годинава.
„Тоа е еден од поголемите растови на економијата во европа и верувам дека така ќе продолжиме и следната година, дури и уште повеќе од ова. Мало влијание на растот на економијата имаше создадената од страна на опозицијата политичка криза во првата половина на година. Првичниот раст очекувавме да биде 3,8 отсто, но заради таа криза го ревидиравме подоцна на 3,5 отсто, што се уште е едно од најдобрите остварувања во европа“, изјави премиерот Груевски.
Растот на бруто домашниот производ е очекуван, економската активност зема залет – оценуваат експертите. За една деценија македонскиот БДП е двојно зголемен, покажува статистиката.
„Со оглед на позитивните движења во првите три квартали очекуваме трендот да продолжи и во четвртиот квартал, и годинава да ја звршиме со економски раст од околу 3,5%, што претставува добра основа за продолжување на овие активности, и да го оствариме предвидениот раст од 4% за 2016-та година“, нагласува Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Домашните стопанствениците очекуваат - градежништвото кое во третото тримесечје забележа позитива од речиси 30 проценти, да биде двигател на македонската економија, бидејќи капиталните инвестиции отвораат работни места.
Викторија Милевска
