Пристигнати се инструментите за биометриско регистрирање на мигрантите
Пристигнаа апаратите за биометриска регистрација на мигрантите. На јужната граница е мирно. Армијата останува на граничната линија како асистенција за МВР. Во тек се преговорите за припадниците на Фронтекс, под кои услови би се позиционирале на границата...

Биометриска регистрација и строга селекција на мигрантите на јужната македонска граница кои влегуваат од Грција. Пристигнаа инструментите кои треба да ги преземе МВР и да ги инсталира во прифатниот центар кај Гевгелија,изјави министерот за одбрана Јолевски. Армијата дејствува според конкретни планови, координацијата со генералштабот е секојдневна, и засега нема потреба од ангажирање на резервниот состав,вели Јолевски. Не сака да ги коментира информациите дека Грција се спротивставувала на распоредувањето на Фронтекс на копнениот дел од границата, но рече дека се разговара за нивното доаѓање на јужната гранична линија.
На традиционалната работна средба со поранешните министри за одбрана и началниците на генералштабот на Армијата, Јолевски информирал и за спроведените проекти во одбраната, но и за идните планови. В година во Варшава е самитот на НАТО. Периодот треба да се искористи максимално и да се презентира зошто Македонија заслужува да добие покана за членство.
Покрај ангажманот во мировните мисии,одбраната сега да го насочи фокусот на поголемо кондиционирање на Армијата за справување и со домашните предизвици,смета Гоцевски.
Милчо Велески
