Попоски во Атина на средби со грчкиот државен врв
Попоски во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас, со првиот потпретседател на Парламентот Анастасиос Куракис, и со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос...

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска престојува во официјална посета на Атина.
Попоски во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас, со првиот потпретседател на Парламентот Анастасиос Куракис, и со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.
За време на средбата меѓу Попоски и Коѕиас се очекува да бидат разменети мислења и ставови околу можностите за унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете соседни држави и регионалната соработка, како и за прашања поврзани со европското и евро-атлантското интегрирање на Република Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.
