Поголеми плати од Март годинава
Стипендии за наставниците кои ќе се запишат на едне од 200-те најреномирани светски универзитети, најави премиерот Груевски во обраќањето пред претставниците од синдикатите. Тој додаде и дека основната плата во МВР ќе се изедначува со платата на административците, кои пак од септември ќе примаат за 5 насто повисоки плати. Со сет реформи ќе се подобрува социјалната сфера.
Стипендии за наставниците кои ќе се запишат на едне од 200-те најреномирани светски универзитети, најави премиерот Груевски во обраќањето пред претставниците од синдикатите. Тој додаде и дека основната плата во МВР ќе се изедначува со платата на административците, кои пак од септември ќе примаат за 5 насто повисоки плати. Со сет реформи ќе се подобрува социјалната сфера.
Платата на вработените во полицијата постепено ќе се усогласува со онаа во администрацијата, најави премиерот Груевски. Корекцијата ќе стартува со најниските ешалони, а оваа реформа има за цел платите на чуварите на законот да ги изедначи со оние на нивните колеги од регионот. Растот на платите, рече Груевски, ќе биде резултат на посебната улога што ја има МВР во општеството како и сложените работни задачи кои се типични за оваа институција.
За зацврстување на безбедносната алка, премиерот најави и нови вработувања во Армијата и стопроцентно пополнување на работните места. Пензионираните војници, по 45-тата година ќе се распоредуваат во државните институции. Втор стратешки фокус на Владата е опремување на Армијата.
Со цел подобрување на стандардите во јавниот и државниот сектор, од септемврти платите во администрацијата ќе пораснат за 5%. Со новите законски решенија ќе се обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните, ефикасен систем за напредување, а ќе следува и награда од една плата бонус за најдобрите административци.
Синдикалните здруженија задоволни од новите политики на Владата.
-Секогаш тргнуваме од заедничките интереси, од аспект на работниците, од нивните права и при тоа сме најзадоволни доколку со социјалните партнери најдеме прифатливи решенија што е најчеста пракса во последниве години, рече Виолета Спасовска В.Д. Претседател на КСС.
-Во 2007 се изврши зголемување на платите на оваа категорија на вработени – вработените во јавниот сектор за 10 проценти, а во 2008 уште еднаш за 10 проценти. Tаков чекор претходно се немаше случено во Македонија, а особено е значаен фактот што истото не беше направено под притисок на штрајкови или демонстрации, оцени премиерот Никола Груевски.
Наставниците кои ќе се запишат на магистерски студии на еден од 200-те најдобри универзитети во светот ќе добијат државна стипендија. Оваа реформа, оцени Груевски, ќе биде стимулирачка за педагошките факултети како и мотивација плус за идните студенти како животен повик да ја одберат оваа струка.
Анита Димитријевска
