Вториот пензиски столб надмина 400.000 членови

17.12.2015 12:32

Во тек на повеќегодишното постоење на задолжителните пензиски фондови и со зголемувањето на бројот на вработени во Македонија, се бележи континуирано зголемување на бројот на членови во вториот столб...

Бројот на членови во вториот задолжителен пензиски фонд заклучно со ноември годинава надмина 400.000, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Како што стои во соопштението, во тек на повеќегодишното постоење на задолжителните пензиски фондови и со зголемувањето на бројот на вработени во Македонија, се бележи континуирано зголемување на бројот на членови во вториот столб. Зачленувањето на членовите во вториот столб е на редовна основа.          

Мисијата на МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови. Водејќи се од својата мисија, МАПАС е секогаш достапна за секое заинтересирано лице кое може да се обрати кај нас, секој работен ден за да добие информација во кој пензиски фонд е член или да постави прашања поврзани со неговите права кои произлегуваат од членувањето во пензиските фондови, велат од МАПАС.