Рекорден број новинари на годишната прес- конференција на Путин

17.12.2015 12:53

Денеска 1.392 новинари ќе му поставуваат прашања на рускиот претседател Владимир Путин. Пред почетокот на пресот, портпаролот на Кремљ, Пасков, изјави дека новинарите нема да го изненадат шефот на државата...

Рекорден број на акредитирани новинари на годишната прес- конференција на рускиот претседател. Денеска 1.392 новинари ќе му поставуваат прашања на рускиот претседател Владимир Путин. Пред почетокот на пресот, портпаролот на Кремљ, Пасков, изјави дека новинарите нема да го изненадат шефот на државата.

Според најавите на прес-конференцијата ќе доминираат економските теми, но ќе се информира и за внатрешните проблеми на земјата, како и за актуелните, заладени односи на релација Москва – Анкара.

„Уништените односи меѓу Русија и Турција нема да донесат добро ниту на една држава. Сега во Сирија има НАТО коалиција и Руска коалиција, навистина ли е тешко да се уништи Исламска држава? Наместо соборувањето на авионот, Анкара требаше да ни се обрати, но тие побрзаа да бараат помош од НАТО. Невозможно е веќе да се воспостави договор. Турција не ги постигна своите цели, но драстично ја искомплицира состојбата“, рече претседателот Путин.

Во 2008- ма година, Путин го оствари рекордот кога за четири часа и четириесет минути  одговори на 106 прашања.