Денес е најдепресивниот ден во годината
Некои експерти сметаат дека е денешниов ден најдепресивен во годината, но боите и шаренилото може да влијаат на подобрување на расположението. Доколку денеска се чувствувате лошо, нешто чудно, необично, постои објаснување.

Некои експерти сметаат дека е денешниов ден најдепресивен во годината, но боите и шаренилото може да влијаат на подобрување на расположението. Доколку денеска се чувствувате лошо, нешто чудно, необично, постои објаснување.
Некои експерти тврдат дека е најдепресивниот ден во годината. Други, пак, не се согласуваат со ваквите тврдења за „несреќен понеделник“ . За над 75 проценти од луѓето главен виновник за депресивноста е малото количество на дневна светлина, долговите и падот на расположението по сезоната на славење. Домашните експерти не се согласуваат со тврдењето дека баш денеска е најдепресивен ден. Но признаваат дека наесен и зиме имаат зголемен број на пациенти. Д-р Боневски вели бројот на сончеви саати дирекно е врзан со интензитетот на депресивните состојби.
„Другиот елемент кој може да се поврзе со овој период е периодот по празнувањето, значи по периоди кога имаме зачестени празници и празнувања. По еден таков период честа е појавата да се интензивира доживувањето на депресивноста нормално кај луѓето кои се склони за манифестација на депресивност.“ вели Димитар Боневски- невропсихијатар
По празниците и џебовите се попразни. Граѓаните велат дека не се во депресија, но се стегаат за да го издржат најдолгиот месец.
Оние експерти кои сметаат дека денеска е најдепресивен ден во годината им советуваат на луѓето да се облекуваат во посветла и шарена облека. На тој начин ќе влијаат на намалувањето на депресијата која е карактеристична за овој период од годината.
Според д-р Боневски депресијата е комплексна појава, а луѓето под депресивност подразбираат се и некогаш, за жал, кога е вистинска депресија не ја препознаваат. Препорачува...
„Дружење со позитивни луѓе, иако е се потешко да се најдат, наоѓање работи кои ќе не направат среќни и задоволни. “ порачува Димитар Боневски- невропсихијатар
Дава корисен совет какви било сигнали да им дава организмот да не се срамат да побараат совет од стручно лице...
Ана Јосифоска
