Публикација за градбите во главниот град „101 Објект во Скопје“

17.12.2015 14:19

Според авторот ова е репрезентативен примерок кој што треба да не претставува пред посетителите...

Монографијата „101 Објект во Скопје“ на Иво Јанковски ги содржи фотографиите од Скопје некогаш и Скопје денес. Приказ на културни институции, станбени згради, музеи, широк спектар на богатата архитектура во метрополата.

Според авторот ова е репрезентативен примерок кој што треба да не претставува пред посетителите.

„101 е симболично избран број зашто Македонците, како што рече, го користат во секојдневниот говор со значење на долговечност и бесмртност. Публикацијата ги презентира познатите згради, но и многу нови објекти“, вели Иво Јанковски од „Трето уво“.

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, читателот со ова издание добива можност да проникне во формите и творечката оригиналност на архитектонските дела кои, како што рече, говорат за градителската традиција уште од 4 век од нашата ера.

Целокупната приказна за архитектонското богатство на Скопје во книгата е заокружена со капиталните објекти кои, според Канческа- Милевска, му недостасуваа на Скопје и кои се изградија во изминатите пет години.