Јункер: Санкциите против Русија треба да бидат продолжени за уште шест месеци
Јункер ова го изјави на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц...

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека смета оти санкциите на Европската унија против Русија треба да бидат продолжени за уште шест месеци.
Јункер ова го изјави на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Тој го изрази својот став неколку часа пред почетокот на последната седница на Европски совет оваа година, на кој ќе биде разгледана и темата за санкциите.
Во врска со останатите теми од престојната седница на државните и владините лидери од ЕУ, Јункер изрази очекување дека ќе биде постигнат принципиелен договор за одлуката за воведување на постојани контроли на сите кои минуваат низ надворешните граници на ЕУ.
