Ден на рибарите во Охрид
Охриѓани како и нивните претци денеска со капење во езерските води ја покажаа нивната приврзаност кон езерото.Традиционално на верскиот празник Свети Јован Крстител кој во Охрид се слави и како ден на рибарите на охридското придстаниште се собраа неколку илјади грагани и гости кои узиваа во музиката,греаната ракија,виното,пачата,еден тон пржени плашици и две илјади литри рибна чорба.

„Годинава подготвивме околу 2 000 литри чорба за што се употребени 500 килограми риба,80 килограми моркови,30 килограми целер и други зачини“ вели професор Блаже Јорданоски.
Во денеска разбрануваната и ладна езерска вода по петте буриња со вино запливаа неколку десеттици лица,а како и вчера најсрекен беше Петар Рупески, кој го фати бурето со црвено вино,за што како подарок доби златник со ликот на Свети Јован Крстител.
„Оваа година ми е најсреќна бидејќи го фатив светиот крст,а сега и бурето со црвено вино.Се надевам дека оваа година ќе најдам убава работа бидеќи сум невработен“ изјави Петар Рупески.
На охриѓани и гостите денеска пријатно изненадуванје им приредија и претставници од Здружението на пензионерите кои облечени во традиционална облека од крајот на 19 и почетокот на 20 век играа по нотите на охридските староградски песни.
Сашо Нелоски