Путин: Не гледам можност односите со Турција да се подобрат

17.12.2015 16:16

Рускиот претседател Владинир Путин својата годишната конференција ја одржа пред 1.400 новинари. Во експозето тој посебно говореше за руските погледи околу решавањето на кризата во Сирија, Украина и Грузија, како и за односите меѓу Москва и Вашингтон.

Русија ќе продолжи со воздушните напади во Сирија и се додека трае кампањата ќе ја поддржи сириската војска на претседателот Башар Ел Асад, но за неговата иднина треба да одлучи народот на оваа земја рече рускиот претседател, потсетувајќи дека руските погледи за решавање на кризата се многу слични со САД.

„Вашингтон претходно тврдеше дека се залага за заминување од власта на  сирискиот претседател, но државниот секретар Кери по состанокот во Москава рече дека за Америка промената на режимот повеќе не е услов и дека приоритет е стабилизација на регионот“, рече Путин.

За Украина, шефот на руската држава потврди дека во источниот дел од соседната земја, Русија испратила луѓе коишто спорведувале одредени воени задачи, но ги дематираше тврдењата дека таму распоредила редовни сили. Според него, Москва е подготвена да ги наговори сепартаистите на компромис со цел да се постигне полиитчко решение за судирот. А за Грузија, најви дека ќе бидат подобрени односите по кратката војна од 2008-та година и дека за грузиските граѓни Москва ќе ги укине  визите.

Рускиот претседател за најновиот развој на руско- турските односи по уривањето на рускиот авион, повторно ја напада Анкара.

„Инцидентот на  турско- сириската граница е непријателски чин, но Русија не е земја која ќе побегне и јас не ја гледам можноста односите со Турција да се подобрат“, нагласи Путин.

За федералниот буџет, Путин рече дека ќе се темели врз проценките од цената на нафтата, од 50 долари за барел и најверојатно, според Путин, буџетот ќе мора да се прилагоди бидејќи момнетално цените се движат на ниво од околу 40 долари.

Прес- конференцијата на Путин минатата година траеше рекордно 3 часа, а според денешното присутво на медиумите, и овој пат и странските и домашните новинари подготвија многу прашања за рускиот претседател, но засега не е соопштено од прeтседателксиот кабинет дали е урнат рекордот по поставени прашања од 2008- та година кога Путин одговраше на 106 прашања, а пресот траеше неполни 5 часа.

 

Мирјана Василева