НБРМ: Мерки за ограничување на долгорочните потрошувачки кредити

17.12.2015 17:25

Мерките, како што се појаснува во соопштението од НБРМ се воведуваат за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни растечки ризици од овие кредити...

Народната банка воведува мерки за ограничување на долгорочните потрошувачки кредити. Мерките, како што се појаснува во соопштението од НБРМ се воведуваат за да се влијае превентивно на сигналите за можните идни растечки ризици од овие кредити.

Советот на Народната банка објаснува дека во последните две години, се забележува доста брз раст на потрошувачките кредити со рочност над десет години, чија годишна стапка на раст во септември достигна дури 47,5%.

Мерката не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот на народната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот раст на овие кредити, велат од Советот.