Авторски права: ЗАМП и ММИ ја бојкотираа јавната дебата
Јавна расправа за законските решенија за авторски права. Се бараат решенија во интерес на бизнис – заедницата и за субјектите кои плажаат за слушање македонска музика. Претставниците на ЗАМП не учествуваа...

Организациите кои имаат улога да ги штитат авторите и изведувачите ја бојкотираат јавната дебата за примена на авторксото право. Пред корисниците кои плакаат за нивната работа, ЗАМП И ММИ демонстрираа неодговорен однос кон своето членство.
Авторското право не е изолиран систем туку заеднички интерес, потребен е механизам за креирање амбиент за негово споведување- посочи министерката Канческа- Милевска. Здрженијата може да трошат до 15 насто од собраните средства, остатокот да се слее на сметките на авторите.
Бизнис заедницата со став- авторското право треба да се плати само во случај кога неговото користење носи профит. Предложените износи се високи и нерелано поставени.
Експертите сугерираат да не мешаат авторските права и создвањето профит- кој не сака да пушта музика, нема да плаќа.
Од државната каса досега се субвенционираше создавањето на 150 музички дела годишно. Се откупувала и класична музика за поддршка на авторите. Со софтверско решение авторските здруженија треба да ја мерат застапеноста на македонската музика.
Андријана Атанасовска
