Почнаа со работа првите канцеларии за локален економски развој
Почнаа со работа првите канцеларии за локален економски развој. Целта е месното население со свои идеи и со помош на лагот да подготвуваат и да реализираат проекти од заеднички интерес...

Првите отворени канцеларии за локален економски развој во општините Старо Нагоричани и Ранковце ќе треба да ги поврзуваат жителите од руралните средини за спроведување на европскиот ЛИДЕР пристап.
До сега во Македонија се формирани 5 вакви групи, три во Пелагонија и две во Североисточниот регион, а 8 се во процес на регистрација.
Локални акциски групи треба да бидат подготвени успешно да аплицираат за средства од ИПАРД програмата преку која ќе биде обезбедена финансиска поддршка.
Подготовките за акредитација на ЛИДЕР мерката се во финална фаза и во јануари 2016 година ќе биде поднесена за одобрување до Европската Комисија.
Методија Трајков
