Брисел: Постигнат напредок по британските барања за реформи
18.12.2015 10:38
Главен проблем е предлогот на Лондон за одземање на правото за користење на британските социјални бенифиции за мигрантите од земјите на ЕУ...

Британскиот премиер Дејвид Камерон синоќа изјави дека на првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел, е постигнат „добар напредок“ по британските предлози за реформи во Унијата, но призна дека новите преговори за идниот статус на Велика Британија ќе бидат „многу тешки“.
Главен проблем е предлогот на Лондон за одземање на правото за користење на британските социјални бенифиции за мигрантите од земјите на ЕУ кои живеат на британската територија, во првите четири години од нивниот престој во Велика Британија.
