Договор за уредување на излозите во Старата скопска чаршија

18.12.2015 10:40

Со потпишувањето на договорот ќе почнат активностите за реализација на проектот...

Министерот за економија Беким Незири и здружението „Еснаф“ денеска ќе потпишат договор за реализација на проектот за уредување на излозите и натписите на дуќаните во Старата скопска чаршија.

Со потпишувањето на договорот ќе почнат активностите за реализација на проектот, кој Министерството за економија го предвиде во Програмата за развој на туризмот за 2015 година, а чија цел е враќање на автентичноста и зачувување на културните вредности што ги има Старата скопска чаршија.