Досега издадени речиси 350 илјади потврди за азил

18.12.2015 11:37

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-198.349 потоа Авганистан-84.979, Ирак-43.248, Иран-6.231...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.806 странски државјани, од кои 1.074 се од машки пол, 584 се од женски, 1.123 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на уште 25 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на  Сирија-1.282,  Ирак-1.005 и Авганистан–519.

За речиси шест месеци, издадени се потврди на вкупно 348.017 странски државјани, од кои, 192.602 се од машки пол, 57.264 се од женски, 80.180 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.971 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-198.349 потоа Авганистан-84.979, Ирак-43.248, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.