Уапсен пријател на напаѓачите од Сан Бернандино
18.12.2015 11:55
Енрике Mаркез е обвинет дека заедно со еден од сопружниците, подготвувале заговор за терористички напад врз универзитетот во Сан Бернадино, најпрвин во 2011, а потоа и во 2012 година...

Американската полиција уапси пријател на брачната двојка која на 2 декември уби 14 лица во местото Сан Бернандино во Kалифорнија, под обвинение за поврзаност со нападот.
Енрике Mаркез е обвинет дека заедно со еден од сопружниците, подготвувале заговор за терористички напад врз универзитетот во Сан Бернадино, најпрвин во 2011, а потоа и во 2012 година.
Тој е обвинет и за обезбедување оружје на брачната двојка, но нема сознанија дали бил директно вклучен во нападот.
