Советот за безбедност усвои резолуција против финансирање на тероризмот
18.12.2015 11:57
Нацрт-резолуцијата укажува дека СБ прогласил закана за меѓународниот мир и безбедност така што сите држави имаат обврска да исполнуваат мерки пропишани во документот...

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за засилување на борбата против финансирањето терористички организации подготвена од САД и Русија.
Нацрт-резолуцијата укажува дека СБ прогласил закана за меѓународниот мир и безбедност така што сите држави имаат обврска да исполнуваат мерки пропишани во документот.
Државите мора „итно да замрзнат средства и други финансии или економски ресурси на луѓе, групи, фирми и организации“ кои се на список за санкции на СБ на ОН.
