МВР откри импровизирана лабораторија за производство на марихуана
При истрагата, полицијата во станот пронашла 105 саксии во кои бил засаден канабисот, најлонски кеси со листови од марихуаната, светилки за побрз раст на наркотичното растение, како и грутка хашиш...

Лабораторија за производство на висококвалитетна марихуана-сканк е откриена во изнајмен стан во Скопје. При истрагата, полицијата во станот пронашла 105 саксии во кои бил засаден канабисот, најлонски кеси со листови од марихуаната, светилки за побрз раст на наркотичното растение, како и грутка хашиш.
Утврдено е дека станот од приведеното лице бил изнајмен во февруари годинава по што била инсталирана опремата за одгледување.
Марихуаната била сушена, пакувана и продавана, а пријавениот набавил за триста евра и хашиш за натамошна препродажба.
При претресот се запленети, растенијата, 91 семка на марихуана и 388 грама хашиш. Поднесена е кривична пријава, а судијата во претходна постапка на пријавениот му одредил 30-дневен притвор.
