Две белгиски компании ќе инвестираат во Македонија
Една компанија е од текстилната индустрија, другата се бави со логистика. Во наредниве денови се очекува компаниите и официјално да излезат со своите инвестициски планови...

По бизнис – форум во Aнтверпен, две белгиски компании донеле одлуки да инвестираат во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот.
Една компанија е од текстилната индустрија, другата се бави со логистика. Во наредниве денови се очекува компаниите и официјално да излезат со своите инвестициски планови, а во првата недела од јануари се очекува уште една компанија да ја потврди инвестицијата.
На бизнис – форумот, македонската делегација ја предводеа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и првиот човек на Аагенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.
Инвестициските можности беа претставени пред 100-тина компании од повеќе сектори.
