Уапсени 11 сиријци за планиран напад на конзулатот на САД во Истанбул

18.12.2015 13:38

Во вторникот беше уапсен член на ИД, осомничен дека планирал самоубиствен напад врз конзулатот на САД.

Единаесет членови на Исламска држава осомничени дека подготвувале напад врз генералниот конзулат на САД во Истанбул, се уапсени вчера.

Осомничените биле сиријци со фалсификувани пасоши. Во вторникот беше уапсен член на ИД, осомничен дека планирал самоубиствен напад врз конзулатот на САД.

Американскиот конзулат во Истанбул минатата недела беше затворен поради непрецизирана закана.