Македонски за граѓаните, не за јазикот

20.01.2014 19:40

Оценката дека Македонија треба да ги почне преговорите  со ЕУ без понатамошно одлагање останува непроменета – изјави  известувачот за Р.Македонија во ЕП Ричард Ховит, - по забелешката дека за време на  грчкото претседателствување  со Европскиот совет, тој го смирува тонот  во однос на  барањето Македонија да ги почне преговорите без понатамошни условувања.

Оценката дека Македонија треба да ги почне преговорите  со ЕУ без понатамошно одлагање останува непроменета – изјави  известувачот за Р.Македонија во ЕП Ричард Ховит, - по забелешката дека за време на  грчкото претседателствување  со Европскиот совет, тој го смирува тонот  во однос на  барањето Македонија да ги почне преговорите без понатамошни условувања. Во текот на денешната  расправа ,  европските парламентарции расправаа за 17 компромисни амандмани предложени од Ховит , при тоа постојаните поддржувачи на Македонија од Европскиот парламент најмогу реагираа на предлогот за воведување на двојазичност во државата. Во своја одбрана известувачот Ховит за МТВ изјави:

- Свесен сум дека референцата за ,, двојазично образование,, која и не произлезе од мене, туку од Партијата на зелените во Европскиот парламент, предизвика одредени дебати во земјата, но тоа не значи дека сите ќе бидат опфатени во двојазичното образование, туку само упатува на кого да се однесува  тоа.

Известувачот од сенка, Едуард Кукан, потоа Чарлс Танок како и хрватските европратеници Пленковиќ и Штиер реагираа и на употребата на фразата ултранационализам. Затоа, пак, германската пратеничка Дорис Пак за ова прашање има соломонско решение.

- Почнувањето на преговорите не значи дека веќе утре Македонија ќе стане членка на ЕУ, видете го само примерот со Хрватска. Затоа мислам дека треба да се даде шанса за почеток на преговорите, бидејќи во спротивно национализмот во двете држави постојано ќе расте, рече  европарламентарката  Дорис Пак.

Во однос  на другите  компромисни амандани што денеска ги понуди известувачот Ричард Ховит, придавката „македонски” се враќа во делот каде што се говори за  „македонските граѓани,, но не и за македонскиот јазик.

Гласањето за предлог-резолуцијата од страна на Комитетот за надворешни работи  ќе се одржи утре, додека усвојувањето на резолуцијата на почетокот на февруари.

Марина Стојанова-Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел