Грантови од ИПА за проекти на 12 граѓански организации

18.12.2015 14:07

Во наредните 12 до 18 месеци избраните проекти треба да ја зајакнат улогата на граѓанското општество...

Со еден милион и 500 илјади евра, пари од фондовите на Европската унија ќе се финансираат 12 граѓански организации. Во наредните 12 до 18 месеци избраните проекти треба да ја зајакнат улогата на граѓанското општество.

И досега граѓанските здруженија активно ги следеа процесите на пристапување кон унијата, децентрализацијата, транспарентноста, судските реформи и со конструктивни препораки продонесуваат кон развојот и подобрувањето на процесите. 

Владата верува дека отвореноста и граѓанското вклучување играат значајна улога во поттикнување на отчетноста, промовирањето на иновативноста и развојот и подобрување на преформансите на Владата, рече министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска - Томовска.