Мигрантската и политичката криза глвани закани за растот

18.12.2015 15:01

Мигрантската криза, политичката криза во земјава и економската нестабилост во Европа се главните закани за проектираниот економски раст в година. Од бизнис – секторот проектираат позитива од 4 проценти, но се резервирани околу остварувањето, кое ќе зависи и од успешноста на нашите претприемачи...

Проблемот со мигрантите, економската криза во опкружувањето но и политичката состојба во земјава во значителна мера ќе се рефлектираат на бизнисот, оценуваат од Сојузот на стопанските комори. Очекуваат солиден економски раст, кој сепак ќе зависи од низа фактори.

„Нашите проекции за 2015-та за жал не се остварија, некаде се околу сега ревидирано околу 3,2%. За следната година имаше некоја иницијална проекција од 4% за која, повторно, не сме сигурни дали ќе успееме да го достигнеме тој процентен поен, се од причина што не знаеме како ќе се одвиваат сите оние дополнителни фактори коишто влијаат“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

48 мали и микро претпријатија, двигатели на домашната економија, влегоа во конкуренција за избор на претприемач на годината. Награди добија најдобрите пет компании. Најдобра жена претприемач за оваа година е Анета Мустафоска од Скопје.

 

Анита Димитријевска