За 24 часа издадени 1.492 потврди за азил

22.12.2015 11:47

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-739, Ирак-404 и Авганистан-349...

Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.492 странски државјани, од кои 656 се од машки пол, 324 се од женски, 508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патува без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-739, Ирак-404 и Авганистан-349.

Како што соопшти МВР, досега издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, од кои, 196.461 се од машки пол, 59.447 се од женски, 83.787 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.018 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-202.245 потоа Авганистан-87.748, Ирак-46.279, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.