Вонредна состојба во Мали
22.12.2015 11:59
„Вонредната состојба е со цел владата да може да преземе соодветни мерки поради сериозните закани по безбедноста на луѓето“, се вели во владиното соопштение.

Владата на Мали прогласи десетдневна вонредна состојба поради закани од неименувани џихадистички групи. „Вонредната состојба е со цел владата да може да преземе соодветни мерки поради сериозните закани по безбедноста на луѓето“, се вели во владиното соопштение.
Во меѓувреме во Мароко се уапсени 11 членови на терористичка група која подготвувала напади за време на новогодишните празници.
Овој месец во Мароко беа ликвидирани неколку групи, кои дејствувале во големи градови како Фес и Казабланка.
