Над милион бегалци пристигнале во Европа во 2015-та

22.12.2015 12:18

Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека до ноември од земјата се депортирани 18.000 бегалци, или двојно повеќе од лани...

Повеќе од милион бегалци преку копнен или морски пат стигнале во Европа во текот на 2015-та година, соопшти Меѓународната организација за миграција. Најголем дел, одосно 800 илјади дошле преку Турција и Грција.

Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека до ноември од земјата се депортирани 18.000 бегалци, или двојно повеќе од лани, бидејќи властите констатирале дека не ги исполнуваат условите да добијат азилски статус.

И Норвешка со контра мерки. 600 баратели на азил се депортирани во Русија, откако дошле преку таканаречениот Артички пат.