Се урна индиски воен авион, 10 жртви

22.12.2015 12:37

Воениот авион се урна десет минути по полетувањето, при што загинаа двајцата пилоти и осуммина инженери кои летаа кон Ранчи, каде што требало да поправат хеликоптер...

Десет луѓе загинаа, откако се урна авион на индиските погранични сили во близина на меѓународниот аеродром „Индира Ганди“.

Воениот авион се урна десет минути по полетувањето, при што загинаа двајцата пилоти и осуммина инженери кои летаа кон Ранчи, каде што требало да поправат хеликоптер, изјави министерот за цивилна авиација Шарма.

Во тек е истрага за причините за несреќата.