ССК и Инспекцискиот совет заедно ќе ја спречуваат на сивата економија
Меморандумот кој претставува основа за зголемување на соработката за потребите на членовите на Сојузот, како и во областа на промоција, имплементација и унапредување на инспекцискиот надзор во Република Македонија го потпишаа претседателот на Сојузот, Данела Арсовска и претседателот на Инспекцискиот Совет, Иринка Ќосева...
Зголемено делување во насока на намалување на нелојалната конкуренција која претставува сериозен проблем за развој на домашното стопанство е целта на Меморандумот за соработка меѓу Сојуз на стопански комори на Македонија и Инспекцискиот Совет на Република Македонија.
Меморандумот кој претставува основа за зголемување на соработката за потребите на членовите на Сојузот, како и во областа на промоција, имплементација и унапредување на инспекцискиот надзор во Република Македонија го потпишаа претседателот на Сојузот, Данела Арсовска и претседателот на Инспекцискиот Совет, Иринка Ќосева.
„Заеднички ќе работиме кон намалување на нелојалната конкуренција и сивата економија, која претставува голем удар за компаниите преку нов проект на контрола на инспекциските служби кај нерегистираните субјекти, особено сега кога треба да се имлементира и овозможи практична примена на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност. Не смееме да дозволиме регистрираните компании, трговци поединци, занаетчии, кои ги почитуваат законите, ги плаќаат даноците, ги исполнуваат стандардите, прописно ги пријавуваат и плаќаат работниците, да трпат штета од нерегистрираните субјекти, кои се дел од сивата економија“, изјави Арсовска.
Исто така, од големо значење е новината која ќе се спроведува од 2016 година, на барање на членовите на Управен одбор на Сојузот на комори, а која се однесува на почеток на проект на Инспекцискиот совет со кој ќе се изготвуваат чек листи за детално информирање на компаниите по сектори за потребната документација, прописи и услови што треба да ги исполнуваат за водење бизнис, како би се избегнале пропустите од недоволна информираност.
Инспекцискиот совет врши координирање на работата на инспекциските служби, формирање и раководење со работни тела, подготовка и следење на примената на методологии и процедури за работа на инспекциските служби, разгледување и давање мислење за годишните програми за работа на инспекциските служби, како и многу други активности.
