Густата магла го наруши нормалното функционирање на авиосообраќајот
22.12.2015 12:48
Голем дел од полетувањата и слетувањата во утринските и претпладневните часови беа откажани или пренасочени кон Охридскиот аеродром...

Од пред еден час почна да се нормализира состојбата со авиосообраќајот на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Густата магла го наруши нормалното функционирање на сообраќајот.
Голем дел од полетувањата и слетувањата во утринските и претпладневните часови беа откажани или пренасочени кон Охридскиот аеродром.
Дел од воздухопловите оперираат со задоцнување.
