Започнува акцијата „Се бориме за секое работно место“
Ресорното Министерство и Агенцијата за вработување ќе остваруваат непосредни контакти со домашни и со странски компании, ќе организираат форуми за работодавачите во секоја општина низ земјава, а директорите на Центрите за вработување ќе имаат обврска секој понеделник, среда и петок да организираат отворени денови...

„Се бориме за секое работно место“ е новата активност на Министерството за труд и социјална политика, преку која ќе се даваат информации за сите слободни работни места во Македонија, за да се допре до сите невработени.
Ресорното Министерство и Агенцијата за вработување ќе остваруваат непосредни контакти со домашни и со странски компании, ќе организираат форуми за работодавачите во секоја општина низ земјава, а директорите на Центрите за вработување ќе имаат обврска секој понеделник, среда и петок да организираат отворени денови.
Целта е да допреме до сите активни баратели на работа да ги презентираме можностите кои ги има во приватниот сектор, отворените работни места, но и да се презентираат 28 мерки од оперативниот план за вработување за 2016 година за кој се планирани околу 710 милиони денари и преку кој очекуваме да се реализираат над 8.700 вработувања, истакна заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Очекуваме, додаде Спасов, со овие активности да ја зголемиме информираноста и на компаниите за можностите кои ги имаат од државата, да добиеме повратни информации од нив кои и какви слободни работни места има во државата, а може да ги пополниме.
