СДСМ поднесе тужба за одлука на стариот состав на ДИК
СДСМ бара поништување на одлуката поради, како што велат, ненадлежност, односно истечен мандат на ДИК...

Опозициската СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд, поради наводна незаконска одлука на стариот состав на Државната изборна комисија, поврзана со надлежноста на дополнителниот заменик- министер за финансии при задолжувањето со емисија на државни обврзници.
СДСМ бара поништување на одлуката поради, како што велат, ненадлежност, односно истечен мандат на ДИК.
Од ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат дека СДСМ се фаќа за сламка, како очајнички обид на давеник, бидејќи партијата, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на механизам што самиот го усвоила.
Според ВМРО-ДПМНЕ, целта на СДСМ била да се создаде хаос и да се спречи нормалното функционирање на буџетот.
