Кризата ја зголеми економската нееднаквост

21.01.2014 09:48

Последниот извештајот на истражувачката куќа Оксфам покажува дека економската нееднаквост брзо се прошири во голем број држави во светот од почетокот на кризата. Извештајот е објавен во пресрет на одржувањето на Светскиот економски форум во Давос.

Истиот покажува дека речиси половина од светското богатство го поседува 1% од популацијата, а 85 најбогати луѓе поседуваат колку и половина од најсиромашните во светот.

Околу 70% од најбогатите во светот живеат во држави каде економската нееднаквост е зголемена во изминатите 30 години. Еден процент најбогати кои живеат во Кина, Португалија и САД, повеќе од двојно го зголемиле својот удел во бруто дамашните приходи од 1980 година.

Извештајот покажува дека дури и во државите со најголема еднаквост како Шведска и Норвешка уделот во националниот доход на најбогатите е зголемен за повеќе од 50 %.

Аналтитачрите велат дека нееднаквоста во голем дел е резултат на финансиските нерегуларности, неурамнотежени фискални системи како и закони кои олеснуваат избегнување даноци. Како причини за реаст на нееднаквоста се наведени и мерките за штедење и  неповолната политика на вработување во поглед на жените.

На Светскиот економски форум кој од утре започнува во швајцарскиот елитен зимски центар Давос, ќе стане збор за се поголемиот диспаритет на приходите како најголем ризик за напредокот на човештвото.